ВИДЕО: Јаховиќ по девет меча погоди за Гезтепе против Кајзери на Аврамовски

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ му донесе бод на Гезтепе на гостуваето кај Кајзериспор (1-1) во чии редови настапува репрезентативецот Даниел Аврамовски.

Напаѓачот го даде првиот гол по кам-бекот во Гезтепе, каде пристигна од Анталиспор. Јаховиќ во листата на стрелците се запиша во 48. минута по асистенција на Ајдогду.

  • Голот на Јаховиќ против Кајзериспор:

Даниел Аврамовски се најде во стартниот состав на Кајзериспор и ја одигра целата средба. Кајзери е петнаесетти во Турција, додека Гезтепе се наоѓа на десеттото место.