• Мартин Танасковски

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ успеа да се запише во листата на стрелците во Купот на Турција, во победата на Анталија кај Бурсаспор (0-3).
Анталија ја оправда фаворитската улога, а Јаховиќ го постигна третиот гол, кој падна во првото полувреме. Напаѓачот налета на еден отпадок во казнениот простор и со силен шут го совлада противничкиот голман.
- Голот на Адис Јаховиќ против Бурсаспор во Купот на Турција:
Македонецот беше повреден одредено време, а за него ова е прв погодок по повредата која од терените го оддалечи четири средби.