ВИДЕО: Јаховиќ и Даци тресеа мрежи на тест-меч на Коњаспор и Ескишехирспор

Македонските фудбалери Адис Јаховиќ и Ердон Даци имаа одличен натпревар во Турција за своите тимови и постигнаа голови за екипите на Коњаспор, односно Ескишехирспор.

Јаховиќ во изминатиот период игра активно за Коњаспор и е главен во нападот, а се запиша во листата на стрелците на мечот кога погоди за предност од 3-2, откако атрактивно се намести и ја стресе противничката мрежа со волеј.

Даци, пак, тукушто пристигна во Ескишехирспор, токму од Коњаспор и погоди против својот поранешен тим. Во финишот од мечот, тој налета на една одбиена топка во противничкиот шеснаесетник и погоди за конечни 3-3.

Во продолжение, погледнете ги погодоците на двајцата македонски интернационалци во Турција.