ВИДЕО: Јаховиќ и Даци стрелци, Коњаспор на „македонски погон“ подобар од Адана

Турски Коњаспор со два гола на македонски фудбалери успеа да победи на пријателски натпревар против Адана Демирспор (2-1).

Адис Јаховиќ и Ердон Даци го донесоа триумфот за фаворитот на оваа средба. Прво погоди Јаховиќ, во 12. минута од пенал, за во 27. минута, Даци да го даде вториот гол за Коњаспор и да направи пресврт. Претходно, гостите водеа благодарение на Фечесин, кој стрела во 6. минута.

Македонскиот интернационалец се врати по повредата која ја зааработи на натпреварот против Гезтепе.

Коњаспор седум натпревари нема победа во турскиот шампионат, а на предизвиците им се враќа на 7 април, кога гостува кај лидерот Истанбул Башакшехирспор.

По 26 одиграни кола екипата во која што играат двајцата македонски интернационалци Жута и Јаховиќ се наоѓа на шестото на 35 бода, 23 помалку од лидерот. Сепа, „зелено-белите“ се на осум бода до зоната која носи излез во европските натпреварувања.