Јаховиќ е прв пик да го замени Муриќи во нападот на Фенербахче

Адис Јаховиќ се етаблираше во еден од подобрите напаѓачи во турската Суперлига, каде што пристигна во 2016 година и ги бранеше боите на Гезтепе, Коњаспор, Јени Малатијаспор и сега Анталијаспор. 

Поради добрите партии, тој на себе го привлече и вниманието на најдобрите екипи во лигата. Јаховиќ последниов период беше на мета од Бешикташ, а сега според најавите од турските медиуми, за него е заинтересиран и Фенербахче. 

Гигантот од Истанбул би можел да остане без Ведад Муриќи, кој го посакува Лацио, па тогаш ќе мора да го реши прашањето за прв напаѓач. Така, во случај Муриќи да замине, прва опција за нападот на Фенер е Адис Јаховиќ, за кого тоа би бил најголем предизвик во кариерата. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.