ВИДЕО: Јаховиќ асистент во новата победа на Анталија во Суперлигата

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ имаше солиден натпревар за Анталија и забележа асистенција во новата победа во турскиот фудбалски шампионат.

Анталија на домашен терен го совлада Кајзериспор (2-0), а Јаховиќ учествуваше при асистенцијата за првиот гол. Македонецот прими топка пред казнениот простор и веднаш го проигра Амилтон, кој го отвори резултатот во 37. минута.

Само три минути подоцна, Фреди стави печат на победата. Јаховиќ тргна од првата минута на овој натпревар и играше се до 65. минута кога на негово место на терен влезе Оргил.

За Анталијаспор ова беше четврта победа во Суперлигата оваа сезона и тимот се наоѓа на дванаесеттото место со 17 бода.