ВИДЕО: Јагјелонија и Чурлинов со една нога се во четвртфинале, Борац во финишот избегна пораз

Екипата на Јагјелонија, за која настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, со една нога е во четвртфиналето од Конференциската лига на УЕФА, откако во првата осминафинална средба пред својата публика славеше над Серкл Бриж со убедливи 3-0 (0-0).

Полскиот тим посакуваниот триумф го обезбеди во втората половина од второто полувреме, откако претходно не можеше да ја разбие густата гостинска одбрана. Резултатот го отвори Пулулу со гол од пенал во 69. минута, а само шест минути подоцна Романчук зголеми на 2-0. Конечните 3-0 ги постави Пулулу со својот втор вечерашен погодок во 78. минута. Чурлинов и овој натпревар го започна од првата минута, но беше заменет по еден час игра. 

Домашни победи запишаа и Целје и Пафос. Словенечкиот претставник со минимални 1-0 славеше над Лугано, а стрелец на единствениот погодок беше Светлин во 23. минута. Со идентични 1-0 заврши и натпреварот во Кипар, каде Пафос си обезбеди минимална предност на гостувањето во Шведска кај Ѓургарден.

Од вечерашната осминафинална програма во Конференциската лига единствено екипите на Борац Бања Лука и Рапид одиграа без победник. Австрискиот тим имаше предност до самиот крај, кога Вуковиќ од пенал го остави Борац со реални шанси за понатамошен пласман. Бобан Николов одигра еден час, додека Шишковски беше на клупата за резерви.