• Иван Димовски


Незапаметена еуфорија го зафати Сплит, градот живее со Хајдук како едно. Сè е подредено кон една цел, за долго посакуваната титула во градот под Марјан. Оттука не чуди што за месец и пол Хајдук доби 50.000 членови во фан-клубот, исто така и што „билите“ и трет пат по ред ќе играат на комплетно распродаден стадион. Јадранското дерби на „Пољуд“ може да биде една од клучните битки. А, Хајдук на Ријека веројатно оди во најсилен состав.
Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Хајдук и Ријека
Ловре Калиниќ и Јан Млакар се вратија во стројот, под знак прашалник е само настапот на Филип Кровиновиќ. Од Сплит доаѓаат информации дека некогашниот играч на Бенфика нема да биде подготвен за Ријека, туку за мечот против Горица во Купот, но нема да биде прв пат ако тоа се прави само за да му се замачкаат очите на ривалот. Веќе еднаш беше најавено дека Кровиновиќ во најдобар случај ќе биде на клупата за јадранското дерби, па се најде во стартната постава.
Околу 13.800 навивачи ќе навиваат за Хајдук – толку дозволуваат корона-мерките. Главно оружје на мајсторите на морето ќе биде најдобриот стрелец на Балканот – Марко Ливаја. „Десетката“ на Хајдук го даде 21. првенствен гол и до крајот на сезоната ќе го напаѓа рекордот на Едуардо да Силва кој во 2007 година застана на 34. Ливаја е неуништлив оваа пролет, затоа што даде осум гола на четири меча и претставува најголема закана кон голот на четата на Горан Томиќ. Хајдук е на бранот на еуфоријата и на крилата на Марко Ливаја, додека балонот на Ријека се издиша во оној момент кога настапи голгетерската суша кај Јосип Дрмиќ. Вториот стрелец во ХНЛ ќе се врати во составот за Јадранското дерби и ќе се обиде да го прекине постот кој трае од средината на декември кога ја затресе мрежата на Горица. Двата најдобри стрелци одат очи во очи, а големо очекување навивачите на Хајдук имаат од Никола Калиниќ чиј првенец по враќањето се чека, додека во спротивниот табор покрај Дрмиќ во фокусот ќе биде и Роберт Муриќ.
Квоти за останатите натпревари во ХНЛ
Јадранското дерби се игра третпат оваа сезона, а Хајдук и Ријека триумфираа по еднаш. Никој не успеа да го одбрани домашниот терен, а на тие натпревари блескаа Јосип Дрмиќ и Марко Ливаја. Првата виолина на Ријека даде три гола – Дрмиќ реализира во два меча – додека Хајдук со два гола на Ливаја ја покори „Рујевица“.