Ја покорија Европа со Манчестер Јунајтед, а дваесет години не зборуваа меѓусебе!

Знаете ли дека два херои од времето на тројната круна на Манчестре Јунајтед, Теди Шерингам и Енди Кол, дваесет години не зборувале меѓусебе, но тоа не им сметало добро да соработуваат на теренот.

Нетрпеливоста започнала на еден пријателски натпревар на англиската репрезентација против Уругвај. Селекторот Тери Венејблс го замени Шерингем со Кол, а при излегувањето Теди Шерингам не сакаше да му пружи рака на Енди Кол, туку незаинтересирано излезе од теренот.

Две години од тој момент, Шерингам од Тотенхем потпиша за Манчестер Јунајтед, а Кол веднаш потоа изјавил:

„Попрво ми испил чај со Нил Радок, кој ми ја скрши ногата, отколку да играм со Теди во иста екипа“, изјави Кол.

Дури минатата година двата фудбалери се помирија на еден ревијален натпревар, на кој пред ТВ-камерите си подадоа рака.