Ја одби Саудиска Арабија, Погба ќе настапува во француски гигант?

Информациите од Франција велат дека поранешниот репрезентативец Пол Погба е близу до договор со славниот Олимпик Марсеј

Погба беше под суспензија поради користење недозволени супстанци, но казната истече и сега може да преговара директно со клубовите кои се заинтересирани за неговите услуги. Се шпекулираше дека би можел да замине во Саудиска Арабија или во американската МЛС лига, но најверојатно деновиве ќе стави потпис на договор со Марсеј, во траење од една ипол година. 

Французинот во досегашната кариера го носеше дресот на Манчестер Јунајтед и Јувентус, а за репрезентацијата одигра 91 натпревар и стана светски шампион во 2018 година. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.