Ја одби клупата на Ајакс за главна улога во телевизиска серија

Раководството на Ајакс му врачи отказ на тренерот Морис Стајн по историски лошиот старт на сезоната. Славниот холандски клуб се наоѓа на последното, осумнаесетто место на првенствената табела.

Еден од кандидатите за клупата беше Хенк Тен Кате. Сепак, искусниот 68-годишен тренер го одби клубот од необична причина. Според холандските медиуми, Тен Кате ќе игра полициски инспектор во серијата „Sleepers“.

Холанѓаните претпоставуваат дека Тен Кате не сакал да го преземе тимот, бидејќи не бил подготвен за огромниот притисок што доаѓа со работата. Во својата кариера раководеше со бројни клубови, а во Ајакс беше од 2006 до 2007 година и го водеше тимот на 68 натпревари.

Во меѓувреме, како привремен тренер меѓу „копјаниците“ дојде поранешниот играч на Ајакс, Џон ван Шип.