Ja одби Барселона и се пресели во Германија: Гарсија потпиша за Баер Леверкузен

Шпанецот Алекс Гарсија започнува ново поглавје во својата фудбалска кариера, бидејќи ја напушти Џирона, Примера и татковината и потпиша долгогодишен договор со Баер Леверкузен.

Новиот шампион на Бундеслига му понуди договор до 2026 година, па овој играч за врска треба да го види и доживее врвот на кариерата во редовите на „фармацевтите“, во Бундеслигата и барем следната сезона во Лигата на шампионите.

Тој можеше да биде дел од европската клупска елита како член на третопласираниот тим од Пиринеите, но ја одби таа можност, па дури и поканата на Барселона, очигледно имајќи предвид дека сопственикот на германската двојна круна и финалист на последната Лига Европа е подобра средина за него.

„Веројатно како и сите љубители на фудбалот ширум Европа, и јас се восхитував на фантастичните достигнувања на Баер Леверкузен минатата сезона. Пресреќен сум што клуб како Баер реши да ме ангажира. Сега останува на мене да ги оправдам очекувањата и да придонесам за продолжување со добри резултати“, изјави Шпанецот по потпишувањето на договорот.

Новајлијата на Баер зад себе има три сезони во Џирона, екипа со која мина од Сегунда во Примера, а во кариерата настапуваше и за Виљареал, Манчестер Сити, Мускрон, Еибар и Динамо Букурешт. Тој беше на поширокиот список на шпанската репрезентација за Европското првенство. но не го „преживеа“ последниот рез.