Ја коментира повредата на Адеми и искористи збор за кој е обвинет за „сексизам“

Поранешниот германски репрезентативец и европски првак од 1996 година, Штефен Фројнд, доби обвинение за сексизам поради коментар кој го искористи за време на натпреварот меѓу селекциите на Македонија и Германија.

Фројнд беше гостин на „РТЛ“ во улога на стручен коментатор, а за време на повредата на Аријан Адеми во првото полувреме, некогашниот репрезентативец кажа зборови кои одекнаа кај социјалните работници за правата на жените, посебно на социјалните мрежи.

„Дами, ве молам гледајте на другата страна додека се прикажува оваа сцена“, кажал Фројнд додека камерите биле вперени во Адеми кој лежи на тревата, а тоа предизвика реакции. 

Веста ја објави германскиот медиум „Тагешпигел“. Натпреварот меѓу Македонија и Германија заврши со убедлива победа на гостите (0-4), а дел од дамите се шегуваа со Фројнд и кажаа дека не го знаат конечниот исход, затоа што морале „да гледаат на другата страна“.