• Горан Упале
Холандскиот фудбалски тренер Дик Адвокат го напушти тренинг кампот на репрезентацијата на Курасао пред историскиот квалификациски натпревар за Светското првенство.
Искусниот стратег ја донесе малата карипска земја на работ од пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада, но одлучувачкиот натпревар нема да го води од аут-линијата поради лични причини.
„Многу е тешко да се напушти тимот. Беше болна одлука, но семејството е поважно од сè. Ќе бидам во постојан контакт со тренерскиот персонал од Холандија и имам целосна доверба во играчите“, изјави Адвокат.
Курасао е на врвот во својата квалификациска група, еден бод пред Јамајка, против која ќе игра во среда. Сè што му треба е да избегне пораз. Покрај во Курасао, Адвокат беше селектор и на Србија, Јужна Кореја, Белгија и Русија.







