• Зоран Мишевски
Викендов беа извлечени двојките од осминафиналето на Купот на Германија во фудбал, а неколку прволигашки дуели го привлекуваат вниманието повеќе од останатите.
Баерн Минхен ќе се соочи со Унион Берлин, додека Борусија Дортмунд ќе игра со Баер Леверкузен во највозбудливиот дуел од оваа фаза.
Вториот натпревар помеѓу екипите од Бундеслигата е мечот на Борусија Менхенгладбах и Сент Паули. Штутгарт гостува кај Бохум, РБ Лајпциг се соочи со Магдебург, Хамбургер игра против својот Холштајн Кил, а Фрајбург за ривал го доби Дармштат. Херта Берлин - Кајзерслаутерн е последниот пар од осминафиналето.
Натпреварите се закажани за 2 и 3 декември 2025 година.







