Извлечени осминафиналните парови во Купот на Македонија во младинските категории

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа ждрепката за осминафиналето во Купот на Македонија за младинци, кадети и пионери.

Во првата рунда во конкуренција на младинци се среќаваат:

Тетекс – Арсими
Македонија ЃП – Илинден
Шкендија Тетово – Струга Трим Лум
Њу Старс – Шкендија Арачиново
Вардар – Охрид Лихнидос
АП Брера – Пелистер
Брегалница Штип – Работнички
Скопје – Шкупи

Натпреварите ќе се одиграат на 13/14/15 октомври оваа година.

Во конкуренција на кадети и пионери се среќаваат:

Вардар – Њу Старс
Охрид Лихнидос – Струга Трим Лум
Шкендија Тетово – Брегалница
Арсими – Илинден
Скопје – Шкендија Арачиново
Шкупи – Македонија ЃП
Работнички – Пелистер
Тетекс – АП Брера

Натпреварите ќе се одиграат на 13/14/15 октомври оваа година.