Извлечени групите за Купот на Африка, домаќинот Египет доби лесни ривали

Вчера во Каиро беа извлечени групите за Купот на Африканските нации, натпреварување кое ова лето ќе се одржи во Египет. Ждрепката беше немилосрдна за Мароко, Брегот на слоновата коска, Намибија и Јужна Африка.

Домаќинот Египет доби лесна група и ќе се бори со Конго, Уганда и Зимбабве, а бранителот на титулата Камерун на Кларенс Зидорф за противници ги доби Гана, Бенин и Гвинеја.

Овој Куп на Африкански нации е прв кој ќе се игра во летните месеци, конкретно од 21 јуни до 19 јули.

  • Состав на групите за Купот на Африкански нации: