„Израмнив рекорд на величина како Милошевски, еден од најдобрите во историјата“

Македонските фудбалски репрезенативци со победа над Малтежаните (2-1) тргнаа во новиот евро-квалификациски циклус за пласман на турнирот во Германија во 2024 година. Иако долго време се мачеа, отпорот на гостите во Скопје пукна и мразот беше скршен. 

Овој натпревар посебно ќе го памети Столе Димитриевски, кој го одигра шеесеттиот натпревар во дресот со државниот грб и се израмни со големиот Петар Милошевски.

„Денес достигнав една легенда како Петар Милошевски. Денес запишав шеесет натпревари во репрезентацијата. Му благодаарам за тоа што тој го направи за нас, еден од најдобрите голмани во нашата историја, Дај Боже по 10-15 години некој да ме достигне мене“, смета голманот на Рајо.

Димитриевски потоа се осврна на натпреварот и тешко извојуваната победа над Малта. 

„Излеговме на терен да победиме и тоа беше најважно за нас. Нема лесни натпревари денес, но нашата цел беше да победиме и успеавме во тоа. Не чувствувавме притисок, но имавме серија на лоши резултати и тоа влијаеше на нас“, заврши Димитриевски.

Македонија во второто коло е слободна, тој празен простор ќе го искористи за пријателски дуел против Фарските Острови в понеделник во Скопје. Следниот квалификациски натпревар за нашиот наионален тим е во јуни, дома со Украина. 

Состави

Благоја Милевски

4-2-3-1

    Michele Marcolini

    3-4-3