Израелец на центарот на „Филип Втори“

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги одреди судиите за натпреварите од Лигата на нации, а на центарот на „Филип Втори“ на дуелот меѓу Македонија и Лихтенштајн ќе биде арбитар од Израел.

Правдата ќе ја дели Рој Рајншрајбер. Асистенти ќе му бидат Денис Красиков и Давид Елиас Битон исто така од Израел, а УЕФА делегат ќе биде Швеѓанецот Берт Андерсон. Судијата веќе еднаш има судено во Скопје на меч на Македонија, на У19 селекциите на Македонија и Швајцарија во рамки на квалификациите за ЕП.

Дуелот меѓу Македонија и Лихтенштајн се игра в сабота од 20:45 часот.

УЕФА Лига на нации, Лига Д, Гр. 4
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МакедонијаМакедонија 6 5 0 1 14:5 9 15
2 ЕрменијаЕрменија 6 3 1 2 14:8 6 10
3 ГибралтарГибралтар 6 2 0 4 5:15 -10 6
4 ЛихтенштајнЛихтенштајн 6 1 1 4 7:12 -5 4