• Горан Упале
Фудбалската селекција на Израел е првиот учесник во полуфиналето на Европското првенство до 21 година.
Во првото четвртфинале младите Израелци беа подобри од домаќинот Грузија по подобро изведување на пенали (5-4, 0-0 во регуларниот тек и по продолженијата). По 120 минути игра немаше голови, па полуфиналистот мораше да се решава по ударите од единаесет метри.
Одлучувачка серија беше четвртата, кога домашниот фудбалер Гаго не го реализираше пеналот и противникот го искористи тоа и слави голема победа.
Израелците во борбата за финалето ќе играат против подобриот од мечот меѓу Португалија и Англија, кој се игра в недела.