• Саше Љолес
Навивачите на фудбалскиот клуб Макаби Тел Авив нема да имаат дозвола да присуствуваат на натпреварот од Лига Европа против Астон Вила поради безбедносни причини, соопшти денес полицијата во градот Бирмингем.
Органите на редот изразија загриженост дека нема да можат соодветно да одговорат на евентуалните протести за време на натпреварот, кој ќе се игра на „Вила парк“ на 6 ноември.
Советодавната група за безбедност - телото одговорно за издавање безбедносни сертификати за натпреварите, ја информираше Астон Вила дека на гостинските навивачи нема да им биде дозволен влез на стадионот.
Полицијата соопшти дека натпреварот е класифициран во настани од „висок ризик“, потсетувајќи на насилството од минатата година во Амстердам за време на натпреварот од Лига Европа помеѓу Ајакс и Макаби, кога се случија судири и антисемитски инциденти.









