Изов објави список за Франција без капитенката Андонова

Македонската женска репрезентација наредната недела ќе се соочи со Франција во рамки од квалификациите за Европско првенство.

Селекторот Кирил Изов објави листа на фудбалерки со кои ќе атакува на бодови на оваа средба која ќе се одигра на „Тодор Проески“ во Скопје. Нашата репрезентација нема да може да смета на капитенката Наташа Андонова поради повреда, а Гентјана Рочи нема да настапи поради суспензија предизвикана од жолти картони.

Списокот на Македонија за дуелот со Франција:

ГОЛМАНКИ: Викторија ПАНЧУРОВА (ЖФК Тиверија), Магдалена ЛЕКОСКА (ЖФК СЦ Истатов), Верица КОЛЕВСКА (ЖФК Деспина);

ОДБРАНА: Ане БОШЕСКА (ЖФК Тиверија), Јулија ЖИВИЌ (ЖФК Љуботен), Христина ЈОШЕВСКА (ЖФК Каменица Саса), Павлинка НИКОЛОВСКА (ЖФК Каменица САСА), Даниела ВЕЛЕСКА (ЖФК Деспина), Ивана НИКОЛОВА (ЖФК Тиверија);

СРЕДЕН РЕД: Александра РИСТОВСКА (ЖФК Тиверија), Сара ВЕЛКОВА (ЖФК Тиверија), Елма ШЕМСОВИЌ (ЖФК Скопје 2014), Катерина МИЛЕСКА (ЖФК Деспина), Јана ЧУБРИНОСКА (ЖФК Деспина), Рабија ДЕРВИШИ (ЖФК Каменица Саса);

НАПАД: Теодора ДИМОСКА (ЖФК Тиверија), Ели ЈАКОВСКА (ЖФК Локомотив-Стара Загора), Кристина Мојсоска (ЖФК Асс Јунајтед), Хава МУСТАФА (ЖФК Шкендија), Улза МАКСУТИ (ЖФК Асс Јунајед);

Собирот на женската репрезентација е закажан на 18 септември во хотел „Парк“ во Скопје. Предвидени се пет тренинзи до натпреварот со Франција.

Македонија во досегашниот дел од квалификацискиот циклус има една победа и четири порази.