Македонија без Андонова и Рочи во двомечот со Северна Ирска

Македонската женска репрезентација ќе ги продолжи квалификациите за пласман на Светското првенство 2023.

Следните два меча за нашиот најдобар национален тим ќе ги одигра против Северна Ирска во рамки од Група Д. Македонските фудбалерки имаат една победа и три порази во воведните четири натпревари од квалификацискиот циклус.

Селекторот Кирил Изов го откри списокот на репрезентативки за следните два меча, а на него ги нема двете најискусни фудбалерки Наташа Андонова која игра во Шпанија и Гентијана Рочи која настапува во Финска.

Голмани: 
Магдалена Лекоска (Љуботен), Верица Колевска (Скопје 2014), Кристина Павловска (Деспина)

Одбрана: 
Ане Бошевска (Тиверија), Теодора Ѓорѓиевска (Борец), Викторија Недева (Тиверија), Елена Панеска (Каменица Саса), Катерина Милеска (Деспина), Христина Јошевска (Каменица Саса), Ана Милчевска (С.Ц. Истатов), Јулија Живиќ (Љуботен), Сара Коларовска (Скопје 2014)

Среден ред: 
Елма Шемсовиќ (Борец), Сара Велкова (Тиверија), Александра Марковска (Скопје 2014), Сара Хусеин (Љуботен), Елена Петровска (Скопје 2014), Хава Мустафа (Шкендија)

Напад: 
Афродита Салихи (Шкендија), Радица Чонева (Истатов), Кристина Петрушевска (Истатов), Јилза Максути (Асс Јунајтед), Теродора Јанковска (Деспина)

Првиот натпревар се игра во Скопје на 25 ноември, а четири дена подоцна Македонија ќе гостува во Белфаст.