Изов го објави списокот за дуелите со Англија и Австрија

Женската фудбалска репрезентација наскоро ќе ги започне квалификациите за пласман на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд 2023 година.

Најпрво нашите фудбалерки ќе гостуваат кај Англија (17 септември), а потоа на домашен терен ќе ја пречекаат репрезентацијата на Австрија (21 септември).

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки кои ќе конкурираат за настап на овие натпревари.

  • Список на Кирил Изов за квалификациските дуели:

Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Суарта Речи (Асс Унитед);

Одбрана: Павлинка Николовска (Каменица Саса), Елена Панеска (Каменица Саса), Ане Бошеска (Тиверија), Јулија Живиќ (Љуботен), Положани Синдис (Асс Унитед), Теодоре Јанковска (Деспина), Катерина Милеска (Деспина), Сара Коларовска (Скопје 2014);

Среден ред: Јана Чубриновска (Деспина), Александра Марковска (Скопје 2014), Елена Петровска (Скопје 2014), Драгана Гегова (Скопје 2014), Сара Велкова (Тиверија), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија);

Напад: Теодора Димоска (Тиверија), Јилза Максути (АСС Унитед), Радица Чонева (Сц Истатов), Рабија Дервиши (Скопје 2014), Хава Мустафа (Шкендија), Гентијана Рочи (Купс, Финска).