Изненадување во соседна Србија: Тодороски и ТСЦ ремизираа со Партизан среде Белград

Eкипата на ТСЦ Бачка Топола приреди изненадување во 29. коло од српската Моцарт Бет Суперлигата, откако од гостувањето кај фаворизираниот Партизан во Белград се враќа со голем бод (0-0).

  • Извештај од натпреварот:

Тимот од северна Србија оваа сезона не бележи резултати според очекуваното, но позитивните резултати во последниот период го вратија во плеј-оф зоната. Партизан, пак, веќе од поодамна ја загуби трката за шампионската титула со Црвена Звезда, но има солидна предност во однос на третопласираниот Раднички (15 бода).

На средбата во главниот град за гостинскиот тим од првата минута одново истрча македонскиот фудбалер Андреј Тодороски, кој со својот придонес на теренот е еден најдобрите фудбалери на тимот во пролетниот дел од шампионаот.

Тодороски досега ги одигра сите седум натпревари оваа година за ТСЦ Бачка Топола, во кои постигна два гола, а има и една асистенција.