• Горан Упале

Фудбалерите на Феенорд го приредија најголемото изненадување во вечерашната програма во седмото коло на Лигата на шампионите, откако со убедливи 3-0 (2-0) го „треснаа“ големиот Баерн Минхен.
- Извештај од натпреварот:
Натпреварот на „Де Кујп“ започна со задоцнување од десет минути поради пиротехничкото шоу на домашните навивачи и „маглата“ која што се спушти на теренот. На дождот во Ротердам подобро се снајде домаќинот кој првпат во својата клупска историја го совлада германскиот гигант во натпревар од Лигата на шампионите.
Херој на Феенорд вечерва беше Сантијаго Томас Хименез кој во првиот дел двапати го совлада Мануел Нојер, додека во самиот финиш конечните 3-0 ги постави Уеда.
Со оваа победа Феенорд е сигурен патник во плеј-офот, а доколку во последното коло слави над Лил и притоа среќата му се насмевне може да обезбеди и директен пласман во осминафиналето. Ситуацијата е идентична и кај Баерн Минхен, кој лигашкиот дел ќе го затвори на свој терен против Слован Братислава.