Изненадување во Радовиш, Детонит се раздели со тренерот Варадиновски

Сосема неочекувано амбициозниот второлигаш Детонит Плачковица од Радовиш се раздели со тренерот Иван Варадиновски. Човекот кој е најзаслужен за прогресот на клубот во последните две сезони си замина пред истекот на договорот, откако двете страни се договорија за прекин на соработката.

„Спогодбено одлучивме да ја прекинеме соработката. Секој почеток има и крај. Ова за мене беше повеќе од успешна приказна и во овие две ипол години заедно со играчите испишавме историја и имавме резултати за почит. Екипата не е во некоја резултатска криза со оглед на тоа дека е почеток на првенството. Благодарност уште еднаш до играчите и на сите инволвирани во клубот“, рече Варадиновски.

Во претходните две сезони, под водство на Варадиновски, Детонит Плачковица ги освои петтото и третото место (пораз во баражот за промоција во ПМФЛ против Вардар), што се најдобри резултати во клупската историја. Во новиот шампионат Детонит Плачковица започна со една победа, едно реми и еден пораз во првите три кола. Можеби изненадува што клубот од Радовиш се раздели со најуспешниот тренер во клупската историја, со оглед на тоа што прерано е за заклучоци, со оглед на тоа што се одиграни само три натпревари во Втората лига,

Пред Детонит Плачковица, во Втората лига тренерска смена имаше и во Кочани, откако вчера од клубот си замина Добринко Илиевски.