• Горан Упале
Лос Анџелес не успеа да се пласира во полуфиналето од плеј-офот на МЛС лигата, откако по продолженијата беше поразен во четвртфиналето од Сиетл – 2-1 (1-1).
- Извештај од натпреварот:
Лос Анџелес создаде моќен тим за оваа сезона, во кој ѕвезди се поранешните француски репрезентативци, голманот Уго Лорис и напаѓачот Оливие Жиру. Но, тоа не беше гаранција дека ќе стигнат до крајот на плеј-офот во МЛС лигата. Напротив, во четвртфиналето беа запрени од аутсајдерот Сиетл, кој славеше на гостински терен.
Лос Анџелес поведе во 50. минута со голот на Холингшед, но Сиетл брзо израмни со автоголот на Шано. Натпреварот отиде во продолженија, а беше решен во 109. минута кога Морис донесе огромна победа на гостите.
Во полуфиналето Сиетл ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Лос Анџелес Галакси и Минесота. Полуфиналист веќе е и Њујорк кој ќе игра против подобриот од мечот Атланта-Орландо.