Изненадување во калчото: Сасуоло долго играше со десетмина, но ја доби Аталанта! (ВИДЕО)

Сасуоло приреди изненадување во 27. коло од Серија А, совладувајќи ја Аталанта со 2-1 на домашен терен.

  • Извештај од натпреварот:

Гостите уште од 16. минута играа со фудбалер повеќе по директниот црвен картон за Пинамонти, но не успеаја да ја искористат бројчаната предност. Сасуоло се повлече, трпеливо се бранеше и чекаше свои шанси од контранапади.

Во 23. минута Лориенте му асистираше на Коне за водство од 1-0, а во 69. Торствед со одличен удар од далечина зголеми на 2-0. Аталанта намали преку Муса во 89. минута и во судиското продолжение преку Скалвини ја погоди пречката, но домаќинот ја сочува предноста.

Со оваа победа Сасуоло се искачи на осмата позиција со 38 бода, додека Аталанта останува седма со 45 и пропушти можност да се доближи до местата што водат во Лигата на шампионите.