Изненадување во Белорусија: Торпедо Жодино го победи Бате Борисов во финалето на Купот

Во финалето на Купот на Белорусија се случи изненадување и титулата замина во рацете на фудбалерите на Торпедо Жодино, кои го совладаа фаворитот Бате Борисов со 3-2 по изненадаувањето на ударите од белата точка. Натпреварот во регуларниот дел и по дополнителните 30 минути заврши со почетниот резултат 0-0.

фудбалерите на Бате Борисов беа подобар противник во текот на сите 120 минути, но не успеаа да го совладаат голманот на Торпедо Жодино. Во пенал рулетот повеќе среќа имаа фудбалерите на Торпедо, кои славеа со 3-2.

За Торпедо Жодино ова беше втор обид да стигнат до Куп титула, откако во првиот во 2010 беа убедливо поразени од Бате Борисов со 5-0. Бате Борисов и Динамо Минск се рекордери по бројот на титулите во белорускиот Куп со по три трофеи.