Изненадување од Удине: Калчолигашот одбра неочекувано име за прв тренер

Екипата која во последното коло избори опстанок во Серија А, Удинезе, по кратка соработка се раздели со Фабио Канаваро и се реши да побара ново решение за клупата. 

Одговорот изненадувачи го пронајде во шампионатот на Полска, бидејќи нов тренер на Удинезе е Коста Руњајиќ. Се работи за стручњак кој има 53 години и доаѓа од ангажман во Легија Варшава каде што беше во претходните две сезони. Претходно од 2017 до 2022 тој го водеше тимот на Погон исто така во Полска. 

Изненадување е што Удинезе се реши за „непопуларно“ име кое е непознато за спортската јавност, бидејќи и во минатото Руњајиќ има работено во Германија но во Цвајте и ниските лиги. Тренерот кој е роден во Австрија и има германски пасош веројатно има балкански корени, а во минатото беше дел од Кајзерслаутерн, Дуизбург, Дармштад и 1860 Минхен пред да се пресели во Полска.