• Иван Димовски
Славниот француски клуб и поранешен првак, Олимпик Марсеј, е на прагот да обезбеди огромно засилување за средниот ред и тоа целосно бесплатно.
Нов член на Марсеј се очекува да биде францускиот репрезентативец Адриен Рабио. 29-годишниот играч летово се раздели со Јувентус, имаше преговори со неколку клубови, но неговите високи барања го оставија без клуб по крајот на преодниот рок. Сепак, сега Французинот се договори со Олимпик Марсеј и се очекува да пристигне на потпис.
Во следните 48 часа потписот на договорот ќе биде комплетиран, остануваат ситни детали пред да се постигне целосна согласност.
Рабио во својата кариера тргна преку ПСЖ, беше позајмен во Тулуз, а во 2019 година бесплатно се пресели во Јувентус. По пет сезони во Торино исто така бесплатно си замина од редовите на „старата дама“.