• Саше Љолес
Колумбискиот напаѓач Џон Дуран официјално е претставен како фудбалер на Зенит од Санкт-Петербург. Оваа дестинација доаѓа како големо изненадување за фудбалската јавност, затоа што за него постоеше интерес од многу европски клубови.
Дуран пристигнува на позајмица, со опција за продолжување на договорот, а оваа сезона ја започна во дресот на Фенербахче, каде забележа само три гола и две асистенции. Тој официјално е играч на саудискиот Ал-Наср, кој за неговите услуги ѝ плати на Астон Вила огромни 77 милиони евра.
Колумбиецот се очекува да биде големо засилување за Зенит, а овој трансфер е секако еден од најзвучните во руското фудбалско првенство. Неговиот нов клуб моментално е второпласиран во првенството.





