Изненадувачки избор на Гвардиола, еве кој ќе го замени Агуеро

Продолжувањето на мандатот во Манчестер Сити ќе му овозможи на Пеп Гвардиола да продолжи да работи на проектот кој го започна пред четири години.

Покрај соработката со Лионел Меси, која се шпекулира на големо во светските медиуми, пред шпанскиот тренер стои уште еден голем предизвик. Се работи за иднината на Серхио Агуеро во клубот и неговата улога, како и неговата замена, која треба да биде соодветна со цел да се задржи ефикасниот напад на екипата.

Изминатото лето „граѓаните“ се интересираа за Ромелу Лукаку, а сега имаат изненадувачка опција. Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез се споменува како потенцијална замена за аргентинскиот голгетер.

21-годишникот моментално настапува во Бенфика и игра одлична сезона. На 11 настапи има пет гола и шест асистенции, а кариерата во Лисабон ја започна во замена за 22 милиони фунти, кои завршија во касата на Алмерија.

Сигурно дека португалскиот гигант ќе сака дебело да заработи за својот талент. Останува да видиме колку има вистина во пишувањата на англиските медиуми околу изборот на Гвардиола..