• Горан Упале
Драган Стојковиќ – Пикси би можел наскоро да се врати на тренерската работа по едногодишна пауза. Според информациите на српски „Макс-спорт“, поранешниот селектор на Србија е во преговори со Лос Анџелес од МЛС.
Стојковиќ во изминатиот период се поврзуваше со неколку ангажмани, меѓу кои и селекциите на Шкотска и Јужна Кореја, како и бугарскиот Лудогорец. Сепак, во моментов најблиску е до преселба во Соединетите Американски Држави.
Според истиот извор, првичните контакти веќе се воспоставени, а Стојковиќ наскоро треба да отпатува во САД на средба на која би можеле да бидат договорени деталите за потенцијалната соработка.
Лос Анџелес во моментов се наоѓа на шестото место во Западната конференција, но тимот е во серија од три натпревари без победа, па следниот период ќе биде исклучително важен во борбата за пласман во плеј-офот.
До крајот на регуларниот дел Лос Анџелес има уште шест натпревари, а меѓу нив е и големиот градски дуел со Лос Анџелес Галакси, кој е закажан за 26 октомври.






