Изненадувачка понуда за Буфон од Португалија

Џанлуиџи Буфон

Кариерата на Џанлуиџи Буфон би можела да добие изненадувачки правец, ако тој и неговиот тим ја прифатат понудата која пристигна од Португалија.

Легендарниот Италијанецот наводно е на листата засилувања на Порто кој бара замена за Икер Касиљас. Познато е дека шпанскиот голман најверојатно нема да се врати на терените поради проблемите со срцето.

Екипата на Серхио Консеисао смета дека 41-годишниот ветеран би бил идеална замена за Шпанецот.

Покрај оваа шпекулација, меѓу медиумите се врти и информацијата дека Буфон би можел да ја заврши кариерата во „неговата“ Парма.

Голманот ги освои сите можни трофеи во клупскиот фудбал, со исклучок на Лигата на шампионите. Се репрезентацијата на Италија стана светски првак во Германија 2006 година.