Изјавата на Кејн најдобро ја отсликува англиската тага по елиминацијата од Хрватска!

Англија ќе треба да почека уште најмалку две години за да биде во можност да игра едно финале на голем фудбалски собир. „Гордиот Албион“ не ја оправда улогата на фаворит и заслужено со 2-1 загуби од Хрватска, која за првпат во историјата ќе игра едно финале на Светските првенства. 

Разочарувањето кај англиските фудбалери беше огромно, а изјавата на капитенот Хари Кејн најдобро го отсликува вечерашниот очај на островската репрезентација. 

„Не можам да ви опишам како се чувствувам. Болен пораз и навистина многу лошо се чувствуавам. Сепак, мораме да ги кренеме главите горе бидејќи сме во друштво на најдобрите четири на светот. Најмногу ми е жал за навивачите, тие нè поддржуваа на секој меч, но верувам во овој тим и мислам дека во иднина ќе ги израдува“, изјави фудбалерот на Тотенхем

Англија во малото финале кое ќе се одигра в сабота во Санкт Петербург ќе се сретне со Белгија, која вчера со 1-0 загуби од Франција