• Горан Упале
Колку и да изгледа невозможно, мексиканскиот напаѓач Орибе Пералта синоќа си доби свое место во рубриката „Промашување на кариерата“.
На натпреварот меѓу Тигрес и Чивас, Пералта го промаши невозможното. При негатива на својот тим од 2-0, Пералта како предвреме да ја виде топката во противничката мрежа и од половина метар, небранет од никого, успеа да ги промаши рамките од целиот гол.
- Промашувањето на Парелта против Тигрес:
Инаку, Тигрес на овој дуел извојува убедлива победа од 3-0, но доколку Пералта постигнеше гол и намалеше на 2-1, натпреварот сигурно ќе имаше далеку поинаку тек на настаните.
Во продолжение погледнете уште неколку големи промашувања, но овој пат од страна на големите ѕвезди Меси, Роналдо, Азар, Погба...