• Горан Упале

Изгледа неверојатно, но е вистина. Фудбалерите на Челзи и Евертон се двата клуба кои освоиле најмалку бодови во Премиер лигата во 2023 година - само по 25.
Во оваа статистика се вклучени сите освоени бодови од јануари до речиси крајот на септември, а тимот од Лондон во тој период одиграл 29 натпревари, а два помалку екипата од Ливерпул. Колку е поразителна статистиката на поранешниот европски шампион од „Стемфорд Бриџ“, говори и податокот дека „сините“ во овој период остварија само пет победи.
На клупата на Челзи во овие девет месеци од 2023 година седнаа Греам Потер, Бруно Салтор, Френк Лампард и актуелниот менаџер Маурицио Почетино, кој го презеде тимот на први јули.
Веднаш зад споменатите два клуба е Борнмаут, кој одигра исто толку натпревари како и Евертон, но успеа да освои бод повеќе.