ВИДЕО: Издржа „бункерот“ на Венецуела, Колумбија се сопна против аутсајдерот

Еден од фаворитите од сенка на Копа Америка, селекцијата на Колумбија лошо го започна овогодинешното издание и одигра само 0-0 против Венецуела, кохја настапува безе неколку стандардни првотимци заради позитивни тестови на ковид-19. Ако на дебито не успеаја да откинат бод против Бразил, фудбалерите на Венецуела вечерва беа борбени, „херметички“ затворени и со „бункер“ издржаа до последниот судиски свиреж.

  • Извештај од натпреварот: 

По мирниот почетоко, Мина и Кардона имаа серија на шанси во централниот дел на полувремето. Запата и Муриел во првиот дел одлично беа чувани, но на почетокот на второто полувреме имаа големи шанси. Селекторот Руеда го внесе Борха, се обиде со трпјца напаѓачи, но момците на Португалецот Песеиро се одбранија. Во судиското надополнување оправдано беше поништен гол на „кафетерос“, заради недозволена позиција. 

Дуелот во Гојанија беше енергичен и на моменти груб, а не недостигаше и добар ритам. Колумбиецот Луис Диаз заработи црвен картон во судиското надополнување. Со оглед на новиот систем на натреварување, по кој само две селекции од секоја група играат полуфинале, ова реми може скапо да ги чини Колумбијците. 

Ноќва се игра и натпреварот од второто коло меѓу Бразил и Перу, а слободен е Еквадор.  

Состави

Carlos Queiroz

4-4-2

    Jose Peseiro

    5-4-1