Избрканиот Рами се скраси во Истанбул и потпиша за Фенербахче

Откако неговото однесување не им се допадна на челниците на Олимпик Марсеј, светскиот првак со Франција, дефанзивецот Адил Рами го раскина договорот и не му требаше многу долго време да пронајде нов клуб. Од синоќа одбранбениот фудбал со минато во Примера и Серија А е нов фудбалер на Фенербахче.

Турскиот гигант потпиша договор на една сезона со опција за уште една ако двете страни бидат задоволни. Рами веќе беше претставен како трето големо засилување во клубот од Истанбул по Емре Белозоглу и Макс Крузе.

33-годишникот роден на Корзика, настапуваше за Лил, Валенсија, Севиља, Милан, Олимпик Марсеј. За селекцијата на Франција запиша 36 настапи. 

Своето деби во новата средина Рами го очекува овој викенд кога Фенербахче на домашен терен го пречекува Трабзонспор.