• Горан Упале
Викендов беше спуштена завесата во најсилното и најбогатото клупско фудбалско натпреварување – Премиер лигата. По завршувањето на шампионатот се прават последните анализи од прикажаната игра на сите актери, па така откако се избраа најдобрите, на ред дојде да се соопшти и најлошиот тим на сезоната во англиската елита.
„ЕСПН“ состави тим од фудбалери кои најмногу потфрлиле оваа сезоната во Премиер лигата, а очекувано „капитен“ е Хари Мегвајер. Искусниот дефанзивец одново беше во втор план во Јунајтед, а не се прославуваше ниту кога ќе добиеше шанса од менаџерот. Тој е единствениот фудбалер на Манчестер Јунајтед во овој тим, во кој има дури тројца фудбалери на Челзи, двајца на Тотенхем, а свој член има и шампионот Манчестер Сити.
Најлошиот тим на сезоната во Премиер лигата според „ЕСПН“:
Голман:
Меслие (Лидс)
Одбрана:
Ленгле (Тотенхем), Војновиќ (Саутемптон), Мегвајер (Манчестер Јунајтед), Кукуреља (Челзи)
Среден ред:
Филипс (Манчестер Сити), Шелви (Нотингем Форест), Армстронг (Саутемптон), Хаверц (Челзи)
Напад:
Ричарлисон (Тотенхем), Обамејанг (Челзи)
Пред неколку дена избрани беа најдобрите во Премиер лигата. Играч на сезоната е Ерлинг Халанд, додека „златната ракавица“ заврши кај Давид Де Хеа.