• Сашо Поповски

Шокантни сцени доаѓаат од холандското првенство, поточно од мечот меѓу НЕЦ Нијмеген и Витесе.
Еден дел од трибината на која беа сместени гостинските навивачи се сруши. Тие ја славеа победата со пеење и скокање, а тоа резултира со пропаѓање на подлогата.
Според официјалните информации од Холандија, нема ниту еден навивач кој е повреден по овој несакан инцидент.