ВИДЕО: Избегната нова трагедија - Дуда го извади јазикот на Шкртел и спречи негово гушење

Во последно време зачестени се несреќите на фудбалските стадиони. По вчерашната смрт на Бруно Бобан, на денешниот финален натпревар на Купот на Кралот во Тајланд е избегната нова трагедија.

Имено, фудбалерот на Словачка, Мартин Шкртел, во 27. минута по еден удар во главата од топката ја загуби свеста и падна како покосен на теренот. Веднаш на помош притрча неговиот соиграч Ондреј Дуда, кој започна да го вади неговиот јазик за да спречи негово гушење. Неколку минути подоцна играчот на Фенербахче дојде при свест, по што го продолжи дуелот, но беше заменет во 73. минута.

На крајот Словачка славеше победа против домаќинот Тајланд со 3-2.