Ивановски во идеалниот тим на колото и шампионатот во ХНЛ

Македонскиот интернационалец, Мирко Ивановски се најде во идеалниот тим на 25. коло на хрватскиот фудбалски шампионат, откако во петокот беше автор на вториот гол во победата на Славен Белупо против Рудеж.

Ивановски веќе стигна до бројката девет гола за Славен сезонава и без неговите погодоци клубот од Копривница сигурно ќе беше во незавидна ситуација во ХНЛ.

Идеален тим на 25. коло:

Голман: Летица (Хајдук)

Одбрана: Карачиќ, Мајсторовиќ (Локомотива), Жупанц (Ријека), Года (Славен Белупо)

Среден ред: Брадариќ, Павличиќ (Ријека), Кастрати (Локомотива)

Напад: Ивановски (Славен Белупо), Мајер (Локомотива), Гајиќ (Цибалија)

Ивановски, кој е трет стрелец во лигата, се наоѓа и во идеалниот тим по 25. кола, а за клубот од Копривница постигна половина од головите оваа сезона. Пред да дојде во Хрватска, македонскиот интернационалец настапуваше и со Чешка, Полска, Романија и Турција.