Ивановски стрелец и асистент во финското дерби

Поранешниот фудбалер на Вардар и Работнички, Филип Ивановски блесна во дресот на РОПС дуелот на теренот на Хонка во рамките од 17. коло од финскиот шампионатот. Ивановски постигна гол и подели асистенција во ремито 2-2, до кое домаќините стигнаа со гол во самата завршница од натпреварот. 

Ивановски веќе собра шест погоди за РОПС, екипа која се наоѓа на второто место на табелата во финскиот шампионат, седум бода помалку од водечкиот Хелсинки.

Ивановски минатата сезона го носеше дресот на Јавор во српската Суперлига, а со РОПС потпиша договор до крајот на сезоната 2018/19.