Ивановски се раздели со Петролул, но има понуди од други романски клубови

Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски во новата сезона ќе го гледаме во нов дрес.

Имено, напаѓачот спогодбено го раскина договорот со романскиот клуб Петролул Плоешти и слободен е да ја избере својата следна дестинација. Не е исклучена можност повторно тоа да е клуб од Романија, каде битолчанецот е на цена.

Ивановски настапуваше за четири романски екипи и тоа Астра, Клуж, Динамо Букурешт и Петролул.

Ивановски зад себе има богата интернационална кариера во екипи како Диосѓер, Видеотон (Унгарија), Хајдук, Славен Белупо (Хрватска), Болуспор (Турција), Клуж, Астра, Динамо Букурешт и Петролул (Романија), Арка (Полска), Славија Прага (Чешка), а играше и за македонските Пелистер и Македонија ЃП.