• Мартин Танасковски

Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски продолжи да игра во добра форма во Хрватска и за својот тим Славен Белупо постигна два гола, во натпревар кој се доигра денес.
Мечот меѓу Славен Белупо и Локомотива Загреб беше прекинат поради невреме на полувреме, па вторите 45 минути беа доиграни попладнево. Дуелот заврши со резултат 2-2, а токму Ивановски ги постигна двата гола за домашните, во 71. и 74. минута.
Напаѓачот се наоѓа на третото место на листата на стрелци во ХНЛ-лигата со осум постигнати гола сезонава.