• Саше Љолес
Херојот во победата на Пелистер над Вардар, Мирко Ивановски, со порака на својот инстаграм профил им се заблагодари на верните „Чкембари“ и на целата битолска јавност.
Капитенот на „зелено-белите“ го расплака Вардар во 93. минута и донесе важен триумф за својот тим, по што истрча кој најверните навивачи и го прослави погодокот со кој Пелистер успеа да го совлада најголемиот ривал во македонскиот фудбал.
„Каква ноќ, каков празник за градот, каква атмосфера, колку емоции, колку народ! Битола, битолчани, Чкембари, ова е за вас! Благодарам за сѐ, ова е Битола!“, напиша Ивановски.
Со оваа победа Пелистер се искачи на седмата позиција на табелата во ПМФЛ, а за повратникот Ивановски ова беше трет погодок сезонава. Во следното коло „зелено-белите“ ќе гостуваат кај незгодниот Силекс во Кратово.