ВИДЕО: Ивановски го „стресе“ Рад

Македонскиот напаѓач Филип Ивановски постигна гол за својот Јавор во рамки на српскиот шампионат.

Јавор како домаќин со 3-2 славеше над Рад Белград, а Ивановски го постигна вториот гол на мечот, за изедначување на 1-1. Тој доби топка од десната страна и одлично се снајде во шеснаесетникот и го надмудри Зоговиќ.

За Ивановски ова е втор гол во Суперлигата, по оној над Спартак Суботица.